Терапијата со радијација моментално е најдобриот начин за третирање пациенти болни од рак, но е далеку од совршено решение. Потребни се недели или месеци радијација, период во кој има има колатерална штета врз многу здрави ткива во телото. Но, што кога целиот тој измачувачки третман би можел да се направи за помалку од секунда?
Истражувачи на Универзитетот на Пенсилванија сега покажаа дека тоа е возможно. Со вистинските алатки не е толку тешко да се убијат клетките на канцерот. Радијацијата или лекарствата може лесно да убијат клетките, но проблемот е во тоа што туморите се кријат меѓу здрави ткива и тешко е да се уништат само канцерогените клетки без да се оштетат околните ткива. Бидејќи терапијата со радијација трање со недели, се остава доволно простор за да се уништат и здравите клетки, што може да предизвика други здравствени проблеми дури и ако ракот се уништи.
Токму затоа постои радиотерапијата FLASH. Овој нов третман вклучува подложување на пациентот на иста количина радијација за само една секунда за што вообичаено би биле потребни недели. Претходните експерименти покажале дека ефектите врз канцерогените клетки се исти, но колатералната штета на здравите ткива е драстично намалена.
Во новата студија научниците од Пенсилванија откриле дека со менување на видот на честички кои се користат FLASH може да биде уште поефективна. Вообичаено, електроните се честичките кои се користат за овој метод, но тие не навлегуваат доволно длабоко во телото. Тоа значи дека се корисни само за канцер кој е поповршински, како што е ракот на кожата.
Но, во новата студија истржувачите ги искористиле протоните и покажале дека линеарните акцелератори кои веќе се користат по болниците може да се адаптираат за да ги произведуваат овие честички. Бидејќи честичките навлегуваат подлабоко во телото, ќе бидат покорисни во борбата против поширок спектар на тумори.
Тимот го тестирал новиот третман на глувци со рак на панкреас и покажале дека овој метод може да го стопира расвојот на канцерот со иста ефикасност како и терапијата со радијација. Истражувачите моментално работат на тоа овој третман да го вклучат во клинички тестирања.