Најголемата „Хари Потер“ продавница се отвора во Њујорк

- Advertisement -

Сите фанови на најпознатиот и најпродаваниот серијал книги во светот, „Хари Потер“, ќе ги израдува оваа вест – во Њујорк се отвора најголемата „Хари Потер“ продавница во светот, каде што ќе може да се купи се што сте виделе во светот на магијата.

Трикатната продавница ќе има површина од околу 1.800 квадратни метри и ќе продава официјални производи на Warner Bros, како и некои предмети од филмови на Universal Studios.

- Advertisement -

Планирано е да се отвори ова лето и ова воедно ќе биде првата официјална „Хари Потер“ продавница. Ќе биде лоцирана на Менхетен, веднаш до историската Flatiron зграда.

„Ова ќе биде најголемата продавница во светот посветена на Хари Потер и ќе стане задолжителна станица за сите фанови на светот на магијата. Посетителите ќе можат да уживаат во интерактивни искуства и бројни можности за фотографирање“ велат од Warner Bros.

- Advertisement -

Заедно со продавницата че има и кафуле каде што ќе се служи храна инспирирана од книгите за малиот волшебник Хари Потер и училиштето за магија Хогвартс. Дизајнот на продавницата се смени од иницијалните планови и сега ќе има изгледа на змеј со столбови со знамиња дизајнирани како волешбни стапчиња.

Сподели!
- Advertisement -