Во најголемите градови во Белгија не смеат да влегуваат полициски возила кои не го минале еко-тестот!

- Advertisement -

Сојузната полиција во Белгија не успеал да мине на острите контроли за издувни гасови на нивните возила што стапија на сила на почетокот на тековната 2020 година и поради тоа голем број на автомобилите од возниот парк на органите на редот и мирот не можат да влезат во белгиските градови: Брисел, Антверпен и Ген

Како што пренесе Авто Клуб, полицијата соопшти дека немале доволно средства за да го обноват целиот нивен возен парк  од неколку илјади возила и дека за тој ризик веќе ги предупредиле надлежните власти. Полицијата не сакал да коментира за бројот на возилата што не ги поминале построгите еколошки регулативи.

- Advertisement -

Поединечни исклучоци се овозможени за одредени возила што се обележани само за полициска употреба, како на пример тие со ротациски светла и со сирени .

Останатите автомобили се префрлени да ја извршуваат својата должност надвор од територијата на големите градови.

- Advertisement -

Во ЕУ се воведени построги регулативи во сега веќе далечната 1992 година со цел да се намали емисијата на штетните гасови од новите автомобили и беа одредени стандардите за моторите „ Евро еден “.

Во Брисел, Антверпен и Гент веќе е воведена забрана за повеќето возила со стари погонски агрегати, но годинава е воведена уште построга регулатива што покрива „Евро три“, a тоа се возила регистрирани од 2001 до 2005 година.

Сподели!
- Advertisement -