Tip of the Week – Менаџмент на операции

- Advertisement -

Кога се зборува за „Менаџмент на операции”, во суштина, се мисли на целиот бизнис модел и оперативно извршување на работите во една компанија. Менаџмент на процеси или операции, го опфаќа целосното функционирање на бизнисот, од поставување на основните постулати и оперативни процеси на компанијата, стратегија, организациска поставеност, синџирот на снабдување, па сè до локација, менаџирање на резерви, продажба и маркетинг, планирање на ресурси, финансии и дистрибуција. Тоа, во суштина, го формира и го претставува целиот „систем” на една компанија.

Најинтересно е тоа што најголем дел од елементите што го претставуваат „менаџментот на операции”, е во позадина на бизнисот. Шасијата на автомобилот е она што го гледаат сите, но моторот и сето она што ја дава цврстината, силата и перформансите на автомобилот т.е. тоа се операциите што се изведуваат во позадина. Но, без оглед дали вие ги познавате или гледате како се одвиваат процесите во позадина на еден бизнис, секогаш може многу лесно, само гледајќи однадвор да се забележи дали некаде постои (и каков) систем / процедури на работа.

- Advertisement -

Па, така, идејата за овој неделен совет ми дојде од мојата посета на СИЛБО (за тие што не знаат, пекарница во Скопје), која работи 24 ч и каде што во 90 % од времето има најмалку 15 купувачи кои чекаат во ред. За големо „чудо”, колкав и да е метежот, секогаш ти требаат само неколку минути за да си завршиш работа. Исто, како и да си во некој друг локал каде што има еден до двајца пред тебе. Ама, работата е, што е тоа што ни е чудно за таква брза услуга! Но, тоа е само добра организација на работата и процесите во позадина на пултот.

  • На каса работат двајца кои само вршат наплата на нарачките. Покрај тоа

што влијае на ефикасноста, тоа е дополнително влијае и на хигиената:  

- Advertisement -
  • Другите продавачи само примаат и процесираат нарачки,

постојано се следи резервата на производите и се надополнува соодветно. Никогаш не може (ретко) се случува да снема од некој баран производ:

  • Широкото портфолио дополнително ги оптоварува операциите, но тоа не

може да се почувствува во работата:

- Advertisement -
  • Постојано во позадина на продажниот тим се плеткаат и пекарите кои

носат и надополнуваат производи. Понекогаш зад пултот се

среќаваат 5-7 вработени, кои не можеш во ниту еден момент да забележиш дека си пречат:

  • Хигиената, земајќи го предвид метежот, е на завидно ниво. Се служи

со ракавици, а и постојано некој зачистува од страната на пултот, кај купувачите.

Не ги познавам ниту сопствениците, ниту сме работеле нешто, па да знам како функционираат работите во позадина. Погоре, само си дозволив да протолкувам од она што го гледам однадвор. Ова е само еден дел од „Менаџмент на операции” кои функционира во оваа компанија. Сигурен сум, доколку вака функционираат на пулт, и во другите аспекти на работењето се исто така успешни. Им посакувам успех.

Некаде, од некој паметен човек слушнав „најголемата разлика помеѓу успешен и неуспешен (помалку успешен бизнис), е во силата на системот”. Креирајте свој систем на работење, процеси на извршување на работите и одржувајте / надополнувајте го истиот. Само така може да изградите успешен и долгорочен бизнис.  

Вежба: Како би го увиделе веднаш значењето на добро организирани процеси на работа, еве ви една мала игра или вежба што може да ја направите со вашите колеги. Во секој случај, ќе треба да имате повеќе колеги (7-10) со цел да ја почувствувате разликата.

  • Седнете ги на канцелариските маси вашите колеги. Не е важно кој каде ќе седне, и колку луѓе ќе седнат на една маса.
  • Дајте им на сите по еден празен лист.
  • Вие седнете малку подалеку од нив.
  • ЗАДАЧА 1: кажете им на сите да дојдат и да ви го донесат листот. Во меѓувреме вие со штоперица го мерите времето од почеток до крај на задачата (кога и последниот ќе ви го остави својот лист).
  • ЗАДАЧА 2: вратете ги листовите на вашите колеги. Дајте им инструкции, исто така да ви ги донесат листовите, но овој пат со малку различен процес на работа. Нека почнат од последниот (што е најдалеку од вас), па кон првиот (најблиску што седи до вас), да ги подаваат листовите. Да не стануваат од своите места. А последниот, т.е. оној што е најблиску до вас, на крај ќе стане и донесе сите листови до вас. Секако, и овој пат вие го мерите времето со штоперица. Ви ветувам дека, вие и вашите колеги ќе бидете изненадени од резултатот.

Со успех во промените,

Петар Лазаров

Член на тимот

МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг

www.macedonia-export.com

Доколку сакате текстовите да ги добивате на Вашиот е-пошта или мислите дека некои Ваши колеги, соработници и пријатели треба да ги добиваат овие текстови, испратете ни ја/ги на tow@macedonia-export.com

 

Сподели!
- Advertisement -