Океаните се загреваат со такво темпо како секоја секунда да фрламе пет атомски бомби

- Advertisement -

Океаните во светот во моментот се загреваат со исто темпо како пет атомски бомби кои беа фрлени во Хирошима да се фрлаат во водата секоја секунда, предупредуваат научниците. Ново истражување објавено во понеделникот покажа дека 2019 година исто така е рекордна година по степенот на загревање, а температурата на водата достигна максимум.

Интернационален тим од 14 научници анализираше податоци кои датираат од 50-тите години наназад и температури од површината на океаните до длабочина од 2.000 метри. Студијата, која е објавена во весникот Advances in Atmospheric Sciences, исто така покажа дека океаните се загреваат со неверојатна брзина.

- Advertisement -

Додека изминатата деценија беше најтоплата забележана во историјата во однос на температурата на океаните, последните пет години беа најтоплите пет во историјата на човештвото.

„Нагорниот тренд е несопирлив и со сигурност можеме да кажеме дека најголем дел од затоплувањето се должи на климатските промени предизвикани од човекот“ велат научниците.

- Advertisement -

Истражувањето покажа дека додека океаните постепено се загревале од 1955 до 1986 година, загревањето значително се забрзува последните неколку децении.Од 1987 до 2019 година океаните се загреале 450% повеќе отколку претходно.

Нема други алтернативи освен човечката емисија на топлина со што се заловуваат гасовите и тоа е објаснение за загревањето. Тие додаваат дека за да ја достигнат оваа температура океаните примиле 228 000 000 000 000 000 000 000 или 228 секстилион џули топлина.

- Advertisement -

Бомбата во Хирошима експлодирала со енергија од околу 63 000 000 000 000 џули. Како што пресметале научниците, топлината која ние сме ја испуштиле во кеаните во изминатите 25 години е еднаква на енергијата што би ја испуштиле експлозии на 3,6 милијарди атомски бомби. Тоа е исто како да се фрлале по четири атомски бомби секоја секунда.

Сега темпото со кое се загреваат оеканите е како да фрламе по 5-6 атомски бомби во секунда. Некои делови од Малдивите имаат изгубено до 90% од коралите поради затоплувањето и сменетите услови во водата.

Океаните се добар индикатор за вистинските ефекти на климатските промени. Тие покриваат речиси 3/4 од површината на Земјата и апсорбираат најголем дел од топлината на Земјата. Од 1970 година наваму повеќе од 90% од вишокот топлина на Земјата оди во океаните, додека помалку од 4% се апсорбира во атмосферата и во почвата, покажа студијата.

Но, само затоа што луѓето живеат на копното не значи дека се исмуни на ефектите од затоплувањето на водата. Загревањето на океаните има последици врз целиот свет. Ако сакаме да го разбереме глобалното затоплување, мора да го измериме загревањето на океаните.

На пример, ураганот Харви, кој уби најмалку 68 луѓе во 2017 година, и ураганот Флоренс, чии бури поплавија најголем дел од Источниот брег во САД, беа последица на високите температури. Додека научниците велат дека климатските промени предизвикани од луѓето се единствениот причинител на тропските бури, истражувањата покажаа дека високите температури ги прават бурите уште поразорни.

Загревањето на водата во океаните значи дека таму има помалку кислород и водата станува покисела, што има ефекти врз хранливите состојки за морскиот свет. Загревањето исто така ги менува водените струи и ги менува климатските системи со брзина која не може да ја следи морскиот свет. Научниците велат дека штетата која е нанесена врз океаните е неповратна, но има надеж за во иднина.

Сподели!
- Advertisement -