Евростат: 44% oд Европејците се чувствуваат небезбедни на Интернет

- Advertisement -

Минатата година 44 отсто од граѓаните во ЕУ, на возраст меѓу 16 и 74 години, ги ограничија своите приватни активности преку интернет, загрижени заради безбедноста, објави Евростат.

Најчесто (25 отсто од населението) избегнува да остава лични информации на социјални и професионални мрежи. Еден од четворица жители на ЕУ избегнува да остави информации за социјално или професионално вмрежување. Поради безбедносни ризици, употребата на јавно wi-fi ограничија 19 проценти од граѓаните на ЕУ, додека 17 проценти одбиваа да преземаат софтвер, апликации, музика, видео-датотеки, игри или други датотеки.

- Advertisement -

Интернет-купувањето го избегнуваат 16 отсто од жителите на ЕУ, а 13 проценти интернет банкарство.

Комуникацијата со јавни сервиси или администрација е помалку загрижувачка за корисниците на интернет – само осум проценти, при што само еден процент од жителите на ЕУ пријавуваат финансиски загуби како резултат на кражба на идентитет, фишинг или пренасочување кон лажни веб-страници.

- Advertisement -

Информациите што ги објави Евростат се дел од истражувањето спроведено во 2019 година, кога, 34 проценти од граѓаните на ЕУ се изјасниле дека имаат безбедносни проблеми при користење на интернет во приватни цели.

Сподели!
- Advertisement -