Уште еден иновативен начин на чистење на загадувањето од воздухот – со помош на сода бикарбона!

- Advertisement -

Јагленот и природниот гас и понатаму се најкористени извори на енергија во светот. Тие испуштаат јаглерод диоксид во атмосферата и постојано се бараат нови начини за спречување на испуштањето стакленички гасови. Неодамна истражувачи пронајдоа начин да се користи технологија за микрокапсули за полесно, поевтино, побезбедно и поефикасно заловување на CO2 од воздухот.

Ова е одлична вест затоа што дури и со контрола на загадувањето, согорувањето фосилни годива испушта огромна количина јаглерод диоксид во атмосферата. Дури иако се користи се повеќе зелена енергија, ќе поминат неколку децении пред да се откажеме целосно од јагленот и природниот гас.

- Advertisement -

Во истражувањето на Универзитетот Питсбург и Националната лабораторија Лоренс Ливермор се користи технологија за микрокапсули. Нивниот пристап е многу поинаков од традиционалниот на заловување на јаглерод диоксидот. Наместо да се користи хемиски растворувач во големи количини како водопад, тој растворувач се става во микрокапсули. Мукрокапсулирање е процес во кој минимални количини течност се ставаат во цврста обвивка, слично на техниката која се користи за ставање на лекот во пилули.

Во микрокапсулите истражувачите ставиле раствор направен од состојки кои се наоѓаат во секој дом, за разлика од тепките хемиски растворувачи кои се и скапи и опасни за околината. Тие ставиле раствор од сода бикарбона, кој е поевтин, подобар за животната средина и го има во многу поголеми количини.

- Advertisement -

Малите димензии на микрокапсулите овозможуваат сода бикарбоната да покрие поголема површина и поголем волумен, што значи дека може да се користат и растворувачи кои побавно апробираат. Тоа е добро затоа што евтините варијанти како сода бикарбоната добиваат шанса да се користат наместо скапите и корозивни супстванции.

Новата технологија на микрокапсулирање ќе се користи за јаглерод диоксидот кој се ослободува со согорување затоа што тука се најефикасни супстанции кои кои побавно реагираат.

Сподели!
- Advertisement -