Порака од Папата: ставете ги луѓето, а не профитот во фокус!

- Advertisement -

Папата Франциско им порача на учесниците на Светскиот економски форум во Давос да ги стават во фокусот луѓето, а не профитот.

Франциско во писменото обраќање, ги потсети моќните луѓе во Давос на “моралната обврска”, да го стават човекот во центарот на јавната политика, наместо можноста за моќ или профит.

- Advertisement -

Тој наведе дека Форумот е арена во која „политичката волја и меѓусебната соработка може да се води и зајакне со надминувањето на изолационизмот, индивидуализмот и идеолошката колонизација која за жал ги карактеризира современите дебати“.

Ги охрабри учесниците да застанат во солидарност со оние кои трпат „социјална и економска неправда и чиј живот е дури загрозен“.

- Advertisement -

Папата на Форумот, кој започна синоќа, претставува ватикански кардинал.

Сподели!
- Advertisement -