Истражување: Мнозинството граѓани сакаат владите да преземат мерки за да се намалат стапките на пушење

- Advertisement -

Филип Морис Интернешнл (ФМИ) на прес конференцијата во Давос го претстави новиот извештај – „Unsmoke Your Mind: Прагматични одговори на тешки прашања за иднина без чад” кој ги истражува предизвикувачките прашања што јавноста ги има за улогата на новите алтернативните производи денес. Тој претставува и продолжување на заложбите на најголемата тутунска компанија во светот за поголема транспарентност, објективно научно истражување и отворена дебата за  создавање правилна регулатива за алтернативи без чад.

Извештајот е резултат на независно истражување нарачано од ФМИ и спроведено од Povaddo на примерок од 17.251 испитаници на возраст од 21-74 години во 14 земји,  и истиот го испитува јавното мислења за регулативниот, научниот и корпоративниот пејзаж во време кога ПМИ се фокусира напредните производи без чад што поскоро да ги заменат цигарите.

- Advertisement -

Извештајот покажува дека 9 од 10 испитаници (87 проценти) се согласуваат дека „при изготвување на регулативи, владите, регулаторните тела и одговорните за јавното здравје треба да ја земат предвид тековната наука насочена кон електронските цигари и производи со несогорлив тутун.” За понатамошна поддршка на научните докажувања во оваа категорија се согласија 89 % од испитаниците кои сметаат дека „пред да се воведат електронски цигари и производи со несогорлив тутун, производителите мора да спроведат стабилни научни проценки на своите производи.”

„Алтернативите без чад нудат совесен пристап кон јавното здравје. Во време кога довербата во владите и организациите е на ниско ниво, неопходно е донесувањето одлуки да се базира на наука и факти. За PMI, ова истражување ја зајакнува важноста на транспарентноста во споделувањето на науката која стои зад нашите производи без чад, што ја прави отворена за сите – владите, регулаторите, научниците, академиците или пошироката јавност,” изјави Јацек Олжак, главен оперативен директор во PMI

- Advertisement -

Иако е најдобро да се откажете од цигарите или никогаш да не започнете со нивно користење, реалноста покажува дека има милиони возрасни пушачи кои, во отсуство на подобра алтернатива, би продолжиле да пушат. Науката и технологијата сега ги создадоа овие подобри алтернативи и потрошувачите треба да имаат пристап до нив. Оневозможувањето на пристап до овие подобри производи засновани на науки значи дека тие ќе продолжат да пушат.

Извештајот „Unsmoke Your Mind: Прагматични одговори на тешки прашања за иднина без чад”, можете да го најдете на www.pmi.com/UYMwhitepaper.

Сподели!
- Advertisement -