Кинезите со помош на апликации ги избегнуваат местата со заразени од корона вирусот

- Advertisement -

Кинеските граѓани користат апликации за да ги избегнат квартовите каде што е присутен корона вирусот. Компаниите QuantUrban и WeChat создадоа платформи кои преземаат официјални информации од деловите со потврдени случаи на корона вирус, па ги претвораат во мапи со помош на кои се избегнуваат тие места.

YiKuang, односно „ситуација на епидемија“, е платформата на кинеската апликација WeChat, која воедно е и социјална мрежа и средство за плаќање кое ги покрива јужните градови Шенжен и Гуангжу.

- Advertisement -

Мапите на QuantUrban, кои може да се отворат во интернет-пребарувачите, покриваат уште девет градови во таа провинција. Шенжен во текот на идните денови може да има уште поголема епидемија, а податоците на владата слабо се објавуваат, велат граѓаните.

Мапите им овозможуваат на луѓето психолошки мир. Не можат да знаат дали ќе има нови случаи на заболени, но барем можат да ги избегнат местата кои веќе се погодени од вирусот.

- Advertisement -

Бројот на заразени со корона вирусот во Шенжен вчера порасна на околу 250, па овој технолошки центар на југот на Кина е најпогоден од главните кинески градови Пекинг, Шангај и Гуангжу. Во Шенжен работат многу мигранти од централните провинции.

И двете платформи се базираат на волонтери кои секојдневно ги ажурираат информации за болеста. Yikuang на почетокот деловите зафатени од епидемијата ги означуваше со икона на череп и прекрстени коски, но потоа ја промени поради поплаки од корисниците.

Сподели!
- Advertisement -