Првиот месец во 2020 година е најтопол јануари некогаш регистриран досега, јави Танјуг. Овој јануари е за нијанса потопол од јануаро 2016 година, соопшти европската служба за климатски промени Коперникус.
После рекордно топлата деценија која беше втора најтопла регистрирана на Планетата, новата деценија почнува со ист тренд. Во јануари, просечната температура на планетата ја надмина за 0,03 степени Целзиусови температурата од јануари 2016 година, кој е досега најтопол евидентиран јануари, кој беше за 0,77 степени Целзиусови потопол од јануари во референтниот период 1981-2010 година, се наведува во соопштението од Коперникус.
Повеќето зони во светот бележат повисоки температури од просечните. Во Европа температурата била за 3,1 степен повисока од просекот од референтниот период 1981-2010 година. Во делови на североисточна Европа, Скандинавија и дел од Русија разликата надмина дури шест степени Целзиусови.
Според Коперникус, пет најтополи години биле последните пет години, кога температурата пораснала помеѓу 1,1 и 1,2 степени над температурата во прединдустриската ера. Деценијата 2010 – 2019 исто така била најтопла од почетокот на мерењето.
Поради емисија на гасови со ефект на стакленичка градина, настанати како последица на човековите активности, планетата Земја веќе е за еден степен Целзиусов потопла од прединдустриската ера што има разорни последици ширум светот, како што се исклучително силните пожари во Австралија или периодот на големи жештини во текот на летото во северната хемисфера.
Со сегашното темпо, Планетата би можела да добие дополнителни 4 или 5 степени Целзиусови до крајот на векот. Парискиот договор од 2015 година предвидува дека загревањето ќе се ограничи меѓу 1,5 и два Целзиусови степени, но дури и ако овие 200 земјии-потписнички на договорот ги почитуваат сите преземени обврски за намалување на гасовите со ефект на стакленичка градина, загревањето би можело да надмине три степени Целзиусови.