Благодарение на усовршениот систем за селектирање и менаџирање со отпадот, Норвешка ги рециклира речиси сите свои пластични шишиња. Норвешка со стапка на рециклирање од 97% е десет години понапред од ЕУ и нејзините цели, која одреди до 2029 годна државите членки да мора да рециклриаат 90% од пластичните шишиња. Во Франција или Велика Британија, на пример, проценот на рециклирање изнесува околу 60%.
За норвешкиот успех клучен се смета системот за селектирање и менаџирање со отпадот. Купувачите плаќаат неколку дополнителни центи кога купуваат во пластична амбалажа. Дополниотелниот износ им се враќа кога ќе ги вратат празните шишиња.
Концептот на враќање на пластичните шишиња стана толку популарен што во Норвешка има и свој глагол – pante. Повеќе од милијарда и 100 милиони пластични шишиња и алуминиумски лименки биле вратени во 2018 година на посебно означените места во маркетите, на бензинските станици и во малите продавници.
Во Фетсунд, град на 30-ина км од Осло, постојано има колона од камиони кои довезуваат празни шишиња во главниот центар за процесирање на Infinitum. Пластичните шишиња во кои некогаш имало вода или сок се селектираат, се компресираат и се ставаат на палети кои личат на огромни Рубикови коцки.
Секое ново пластично шише содржи околу 10% рециклиран материјал, но Норвешка се надева дека со регресивен данок ќе ги натера луѓето да користат повеќе рецилирани материјали.