Корона вирусот ги покоси акциите на најголемите технолошки компании

- Advertisement -

Влијанието на корона вирусоt се чувствува во целиот свет и моментално е невозжожно да се процени како ќе се движи ситуацијата во иднина. Се поголем е бројот на заразени и починати лица, милиони се во изолација, а појавата на корона вирусот во Италија доведе до паника во регионот.

Поради вирусот големи загуби бележат и економиите. Јасно е дека за туристичките агенции ова е тежок и неизвесен период, но проблеми се јавуваат и кај технолошките компании кои многу зависат од Кина, во чии фабрики се произведуваат делови за компјутери, телефони и други уреди.

- Advertisement -

Од Apple веќе најавија дека нема да можат да ги исполнат зацртаните планови затоа што ќе имаат проблеми со производството и на CNBC велат дека токму компанијата на Тим Кук е најизложена на Кина и најмногу зависи од кинеските фабрики. Facebook и Google, пак, на кои хардверот не им е примарен производ, речиси целосно се отсутни од кинескиот пазар.

Но, неизвесноста која ја предизвика вирусот кој брзо се прошири и во други земји како Јужна Кореја, Иран и Италија, се одрази на ситуацијата на берзите, па и на компаниите кои не се директно поврзани со Кина. Така, вчера акциите на петте најголеми технолошки компании во светот – Apple, Amazon, Microsoft, Facebook и Alphabet – денот го завршија со вкупна загуба од дури 238 милијарди долари.

- Advertisement -

Со оглед на тоа дека не се очекува смирување на ситуацијата наскоро и корона вирусот може да предизвика уште поголеми проблеми, тешко е да се очекува дека и берзите наскоро ќе закрепнат, што значо дека допрва можеме да очекуваме пад на вредноста и на цените на акциите на компаниите.

Сподели!
- Advertisement -