Полска воведува 13-та пензија

- Advertisement -

Полска ќе воведе годишен бонус за пензионерите и корисниците на инвалидски додатоци. Тоа го пишува во нацрт-законот кој го потпиша претседателот на Полска, Анџеј Дуда. На секој пензионер ќе му се исплатува годишен бонус во висина од минималната пензија, која годинава изнесува околу 300 долари.

Според проценката наведена во предлог законот, бонуси годинава треба да добијат 10 милиони граѓани, за што од буџетот ќе бидат издвоени околу 3 милијарди долари.

- Advertisement -

Полската влада усвои и нацрт-закон со кој на пензионерите идната година ќе им биде исплатен еднократен бонус. Тоа значи дека полските пензионери во 2021 година ќе добијат 14 пензии.

Сподели!
- Advertisement -