Научниците соопштија дека Земјата има нова мини месечина, „2020 CD3“

- Advertisement -

Објектот привремено бил фатен во орбитата на Земјата, па сега орбитира заедно со нас во Соларниот систем, исто како нашата попозната и популарна месечнина, известуваат астрономите, пренесува Радио МОФ.

Мини месечината е именувана „2020 CD3“ од страна на Центарот „Мајнор Планет“, кој е дел од Интернационалната астрономска унија, тело кое ги каталогизира и именува објектите откриени во вселената.

- Advertisement -

Објектот беше пронајден од астрономите во „Каталина Скај Сервеј“ во Аризона, на 15 февруари и се опсервираше континуирано, дозволувајќи астрономите да научат многу за оваа мини месечина.

При опсервацијата се собраа детални фотографии од објектот додека се движи околу Земјата.

- Advertisement -

Тестирањето покажало дека мини месечината е помеѓу 1.8 и 3.5 метри во дијаметер. Исто така таа сјае со впечатлива светлина која сугерира на астероиди богати со јаглерод, велат истражувачите.

Иако е најден неодамна, постојат размислувања дека објектот е “фатен“ во Земјината орбита пред три години. Ваквото размислување е поддржано од орбитските симулации кои ги правел астрономот Тони Дан, кој користел податоци од астрономерите кои ја откриле „2020 CD3“.
Официјална потврда дека објектот постоел и бил „фатен“ од Земјата пристигнала на 25 февруари, кога Центарот „Мајнор Планет“ најзначил пронаоѓање на привремено фатен објект, кој подоцна го добил името „2020 CD3“.

- Advertisement -

Опсервациите и калкулациите покажале дека објектот е привремено поврзан со Земјата, пишал Центарот во известување испратено до астрономите.
„Не постојат докази за нарушување поради притисок од сончеви зрачења и не е најдена поврзаност со вештачки предмети. Се охрабруваат понатамошни опсервации и динамични проучувања“, стои во соопштението.

И покрај тоа што голем број на астероиди се пронајдени и следени од астрономите, „2020 CD3“ е втора мини месечина која орбитира околу Земјата. Првата, позната под името „2006 RH120“ беше пронајдена од научниците од истата институција.

Извор: Independent

Сподели!
- Advertisement -