Извршниот директор на Teslа и на SpaceX, Илон Маск, предвидува дека кинеската економија ќе ги надмине Соединетите Американски Држави барем дупло, што ќе го влоши вечното ривалство меѓу двете големи нации.
„Она што ќе биде прилично необично е дека кинеската економија веројатно ќе биде барем двојно посилна од американската, а можеби и три пати поголема“, изјави Маск во текот на разговорот со американскиот воен воздухоловен генерал Џон Томпсон на Симпозиумот за воздушни војни во Флорида.
„Темелот на војната е економијата.Ако имате половина ресурси од другата страна, тогаш е подобро да бидете иновативни. Ако не сте иновативни, ќе изгубите“, изјави Маск.
Двете држави веќе се најголемите светски економии. САД доминира со 21,44 милијарди долари номинален БДП и чини една четвртина од светската економија. Кина, пак, е најбрзорастечка економија во светот со БДП од 14,14 милијарди долари.
Со оглед на тоа дека кинеското население е околу четири пати поголемо од САД, Маск истакна дека тоа ќе ја намали препреката за Кина да стане поголема економска сила. Според пописот, во САД сега живеат околу 330 милиони луѓе, додека во Кина живеат повеќе од 1,3 милијарди луѓе.
„Потребно е само БДП по жител да биде половина од САД за нивната економија да биде двојно поголема од нашата“, изјави Маск.
Ако ги претекне САД, Кина веројатно ќе ја зголеми напнатоста меѓу двете земји, кои веќе се судираат на повеќе фронтови како трговијата и 5G технологијата. Маск ја потенцираше и важноста на иновациите во САД за да ја задржат својата конкурентска предност пред Кина.