Руски архитект направи куќа во форма на цевка која виси во воздух

- Advertisement -

Рускиот архитект Сeргеј Кузнецов претстави иновативрн дизајн на куќа во форма на цевка која на локацијата каде што е поставена делумно виси во воздух. Внатрешноста ги содржи сите елементи на стандардна куќа, а интересно е дека при избработката се користени техники кои се користат во бродоградежништвото.

Проектот на Сергеј Кузнецов се вика Russian Quintessential и директно е поврзан со неговите професионални активности и спаѓа во доменот иновации во архитектурата. Куќата е направена во форма на цевка со дијаметар од 3,5 метри и должина од 12 метри. Поставена е на релјеф со разлика во висината, поради што конструкцијата буквално виси во воздух.

- Advertisement -

За нејзина изработка се користени сложени инженерски техники кои вообичаено се користат во бродоградежништвото. На пример, рамката за зградата е направена од потпорни ребра како тело на брод, а импресивната тежина од околу 12 тони се одржува во рамнотежа со само 6 шфрафови.

Една од главните карактеристики на проектот е облоката од нерѓосувачки челик со дебелина од 4 мм, а под него се наоѓа систем за пренасочување на звукот од ударот на дождот. Општо земено, оваа станбена зграда ги има сите модерни поволности. Можете да живеете внатре, да преспиете, да зготвите вечера и да се истуширате. Внатрешноста е завршена во модерен стил користејќи дрво и метал, а собата е опремена со се што е потребно за удобен престој.

- Advertisement -

(klix.ba)

(фото: Amazing Arhitecture)

Сподели!
- Advertisement -