Совети како да заштедите, да го намалите отпадот на храна и да ја зачувате животната средина

- Advertisement -

Желбата да живееме поздраво и како поединци и /или како семејства подразбира помалку да ја загадуваме животната средина. Односно, да го намалиме отпадот што го создаваме, особено отпадот на храна. Затоа што храната што нема да ја изедеме или производите што сме ги купиле и им поминал рокот на траење, завршуваат на депониите каде скапуваат и ослободуваат метан, што придонесува за ефектот на стаклена градина. Последиците веќе се познати: значителни климатските промени чие влијание го чувствуваат сите луѓе на планетата Земја. Односно, кога ја фрлате храната – губите пари, но придонесувате и за климатските промени.

Според Организацијата на Обединетите Нации, 1,3 милијарди тони храна во светот завршува во отпад, односно една третина од храната што годишно се произведува ја фрламе в ѓубре.  Додека речиси една половина од вкупното производство на овошје и зеленчуци завршува во отпад. Исто така, огромни се и загубите на чиста вода. Според Светскиот институт за ресурси, годишно, 24% од целата вода што се користи во земјоделството се губи преку отпад од храна.

- Advertisement -

Ланецот РЕПТИЛ маркети подготви неколку совети како полесно да го намалите количеството храна што завршува во отпадот. И најважно е што преку овие совети ЌЕ ЗАШТЕДИТЕ.

1. Планирање на оброци

- Advertisement -

Потрудете се секоја недела да купите соодветна количина храна за потребите на семејството. Размислете за оброците што сакате да ги направите и колку луѓе ќе јадат. Најдобро е да планирате однапред. Не купувајте повеќе од она што сметате дека ќе се изеде.  

Пет прехранбени производи што најчесто завршуваат на отпад се:

- Advertisement -

– Леб (над 240 милиони парчиња секоја година завршуваат на депониите)

– Млеко (околу 5,9 милиони чаши млеко се истураат во мијалникот секоја година)

– Компири (фрламе 5,8 милиони компири секоја година)

– Сирење

– Јаболка (неверојатни 1,3 милиони јаболка се фрлаат секоја година)

Купувајте онолку колку е потребно. Само, за пример, за една просечна порција за возрасно лице потребно е 100 грaма говедско, јагнешко или свинско месо или 140 грама пилешко, мисиркино месо или риба. Околу половина литар млеко е доволно за 4 чинии корнфлекс. Пет мали компири се доволно за порција за возрасен. Околу 80 грама ориз, леќа, грашок или грав или 100 грама тестенини се доволни за порција за возрасен.

2. Користете го замрзнувачот

Најлесното решение ако имате вишок леб е да го замрзнете. Не оставајте лебот да застои или да мувлоса, ставете го замрзнувач. Може да ги замрзнете и остатоците од ручекот што нема да го изедете и кога нема да имате време да подготвите ручек, одмрзнете го и имате брзо решение за попладневниот оброк. Внимавајте, компирот не е вкусен кога ќе го одмрзнете а и спанаќот не се препорачува повторно да се загрева откако еднаш е зготвен. Проверувајте што има во фрижидерот за да одбегнете да купите нешто што не Ви е потребно. Проверете ги и датумите на траење на храната за навреме да ја искористите.

3. Ако планирате одмор – испланирајте ги и оброците

Пред да заминете на одмор, планирајте ги оброците да искористат сè што сте имале во фрижидер. Замрзнете каков било леб, млеко, сирење, месо или риба или вишокот храна што не може да го искористите, дадете го на пријателите или на соседите.

4. Гответе еднаш, јадете двапати

Ако зготвите повеќе од она што Ви е потребно, а не сакате ист ручек два дена по ред, вишокот замрзнете го. Ако се тестенини или ориз, што не се препорачува да се замрзне, зачувајте го за следниот ден, пропржете го со некое месо, додадете сос што ќе го смени вкусот и пријатен здрав ручек! Остатокот од месото може да го искористите за вкусна манџа со грав или компир.

5. Чувајте ја храната соодветно за да не се расипе

Овошјето и зеленчукот треба да се чуваат во фиоката на дното на фрижидерот (во нивната оригинална амбалажа или лабаво врзана вреќа). Освен кромидот, компирот, бананите и целиот ананас, кои треба да се чуваат на ладно и темно место, но не во фрижидер.

Бананите најдобро се чуваат надвор од фрижидерот и ако го чувате заедно со друго овошје или зеленчук, тогаш зреат брзо и може да се расипат. Свежата риба треба да се чува во ладен дел од фрижидерот, обично на дното. Но ако решите да ја замрзнете рибата, поделете ја според тоа колку ќе Ви биде потребно за оброк и замрзнете ја во посебни кесички. Суровото месо и живина се чува во чисти, затворени контејнери на долниот дел на фрижидерот, за да не можат да допрат до друга храна. Сирењето ставете го во пластична кутија за да не се суши во фрижидерот. Салатата завиткајте ја во лабаво врзана пластична кеса и чувајте ја во долната фиока на фрижидерот.

6. Како да се спаси храната пред да ѝ помине рокот за употреба

Ако е овошје може да го замрзнете или да направите мармалад. Ако се одлучите да го замрзнете, користете го за вкусно смути или шејкови. Лебот што ја изгубил свежината, може да го претворите во трошки или да подготвите француски тост, односно пржени лепчиња со јајце.

7. Направете компост, односно домашно ѓубриво

Отпадот од храна претворете го во храна за Вашата градина. Лесно е да се направи. Поставете ја вашата канта за компост на умерено сончево место на гола почва. Наполнете ја со половина суви лисја, остатоци од гранки, иглички од борови и производи од хартија а останатата половина треба да биде отпадот од кујната, како и отпадот од сомеленото кафе или косената зелена трева. Не ставајте месо, коски, масла или млечни производи. По девет до дванаесет месеци вашиот компост е подготвен за употреба, односно ќе се претвори во трошлив, темен материјал, што личи на густа, влажна почва и отприлика, дава арома што е подготвена за употреба.

Сподели!
- Advertisement -