TikTok го забрани „кршењето черепи“ – се повеќе тинејџери се во болница поради опасниот предизвик

- Advertisement -

Низ годините по социјалните мрежи се ширеа секакви предизвици кои корисниците ги снимаа и ги објавуваа на Facebook, Instagram, YouTube итн, од кои некои беа прилично опасни како предизвикот да се јадат апчиња со детергент или танцувањето на песната „In my feelings” покрај автомобил во движење со кој не управува никој.

Во последно време тинејџерите смислија нов опасен предизвик, поради кој некои завршија во болница со сериозни повреди на вратот и главата. Предизвикот се вика „кршач на черепи“ (Skullbreaker) и е опасен како што и звучи името затоа што лицето кое го прави на крајот паѓа на грб и удира со задниот дел од главата во подот.

- Advertisement -

Предизвикот се состои од тоа лицето да скокне во воздух, двајца кои стојат од двете страни го удираат по нозе за нозете да полетаат напред, а телото наназад. Тој што скока не е свесен дека учествува во таков предизвик, односно не учествува доброволно и е изложен на потенцијално опасни повреди и сето тоа со цел некој да добие лајкови на социјалните мрежи.

Двајца средношколци испратија во болница свој соученик поради тој предизвик и завршија на суд поради напад и нанесување повреди. На мрежите можеме да прочитаме и информации за повеќе повредени тинејџери во САД и во Велика Британија, а експертите предупредуваат родителите да разговараат со своите деца и да ги предупредат на опасностите кои ги носат тие предизвици.

- Advertisement -

После апелите на родителите на социјалните мрежи и се поголемиот број тинејџери кои завршија во болница, се огласија и од TikTok. Оттаму нагласија дека безбедноста на корисниците им е на прво место и дека на таа мрежа повеќе не дозволуваат содржини кои поттикнуваат нопасни предизвици кои може да резултираат со повреди. Таквите содржини ги кршат правилата на мрежата и ќе се отстранат од платформата. Нагласуваат и дека таквите предизвици не се забавни, а со оглед на тоа дека ќе ги бришат од платформата, никој нема да стане славен на TikTok со такви видеа.

Сподели!
- Advertisement -