Кинезите го отворија првиот паметен болнички оддел за пациенти заболени со корона вирусот каде што работат роботи

- Advertisement -

Кина го отвори својот прв паметен привремен оддел на болница за пациенти заразени со корона вирусот, а персоналот во одделот ќе биде составен исклучиво од роботи кои работат на 5G технологија и за пациентите се грижат 24 часа во денот, пез паузи и одмор.

Во одделот ќе работат шест типови роботи кои имаат различни должности. На овој начин кинеските власти ги растоварија сопствените меидицински работници, но и го намалуваат ризикоѕ од пренесување на заразната болест на докторите и медицинскиот персонал .

- Advertisement -

Овој високотехнолошки оддел беше отворен во заботата во болницата вушанг во градот Вухан, од каде што се прошири епидемијата во целиот свет. Роботите во тој оддел на пациентите ик ја мерат температурата, им носат храна и патролираат по собите и ходниците и ги дезинфицираат сите површини. Дел од роботите дури и танцуваат и на тој начин ги забавуваат пациентите кои се во карантин.

5G технологијата на докторите им овозможува увид во состојбата на пациентите во реално време, но на далечина и без ризик од зараза. Кинезите се одлучија на оваа мерка откако се покажа дека на пвривремено изградените болници во Вухан им е потребна напредна технологија за да бидат поефикасни.

Сподели!
- Advertisement -