Додека светот се соочува со предизвикот преминување на зелени извори на енергија, некои еколози велат дека е време да ја прифатиме нуклеарната енергија. Тие не се единствените кои се залагаат за тоа. Секое сценарио за одржување на температурата на планетата и спречување на прегревање од над 1,5 степени Целзиусови се базира на нуклеарна енергија.
Меѓутоа, многумина ја отфрлаат нуклеарната енергија затоа што нејзините нуспроизводи остануваат радиоактивни со стотици илјади години и никој не сака да се прават купишта радиоактивен отпад. Сепак, што ако постои начин за рециклирање на тој отпад и да се отстрани на безбеден начин?
Калифорнискиот стартап Oklo го разви првиот реактор во светот кој генерира енергија со консумирање на нуклеарен отпад. Експерименталниот нуклеарен реактор ќе биде изграден во Ајдахо во Националната лабораторија. Тоа ќе бдие мала електрана која ќе може да произведе енергија доволно за околу 1.000 домови. Ќе може да работи речиси целосно самостојно (без оператори или потреба за полнење гориво) две децении затоа што работи како долготрајна батерија.
Горивото кое Oklo планира да го користи за согорување во електраната се вика HALEU (осиромашен ураниум). Компанијата доби дозвола за почеток на изградбата на најмалата нуклеарна електрана во светот во декември минатата година, а отворањето на електраната се планира од 2022 до 2025 година.