Половина од песочните плажи ќе исчезнат до крајот на векот

- Advertisement -

Половина од песочните плажи може да исчезнат до крајот на векот поради порастот на нивоата на морињата и другите последици од климатските промени, а најпогодени може да бидат бреговите на Австралија, Канада, Чиле, Мексико, Кина и САД.

Многу плажи кои привлекуваат туристи може да се претворат во камења поради порастот на нивоата на морињата, временските промени и поради други фактори кои го носат песокот од песочните плажи, кои се една третина од бреговите во светот.

- Advertisement -

Се проценува дека големи делови од плажите во густо населените подрачја може да исчезнат. Туристичките детинации на кои песочните плажи се гланиот туристички производ веројатно ќе се соочат со тешки поселдици, велат научниците.

Освен што претставуваат извор на приходи, песочните плажи играат битна улога во зачувувањето на животната средина. Тие нудат саолниште за многу животински видови, ги штитат бреговите од дејството на бурите, па без песочните плажи и други делови од животната средина ќе бидат погодени од брановите и од солената вода.

- Advertisement -

Порастот на нивоата на морињата се забрза изминатите децении, а како главна причина е термалната експанзија, односно ширењето на загреаната вода и топењето на ледот и ледените плочи.

Научниците анализираа сателитски снимки кои покажуваат промени на бреговите во изминатите три децении. Тие проценија дека до 2050 година ќе изгубиме од 13,6% до 15,2% од сите плажи во светот, што е еднакво на плажи во должина од 36.097 до 40.511 километри. До 2100 година проценуваат дека ќе исчезнат 35,7% до 49,5% од плажите или плажи во должина од 95.061 до 131.745 километри.

- Advertisement -

Според тие сценарија, Австралија може да изгуби најмногу песочни плажи – до 14.849 километри ласжи до 2100 година, што е половина од плажите таму. Канада би можела да изгуби до 14.425 километри. Потоа следуваат Чиле со загуба до 6.659 километри песочни плажи, Мексико до 5.488 км, Кина до 5.440 км, САД до 5.530 км, Русија до 4.762 км и Аргентина со 3.739 км.

Сподели!
- Advertisement -