Ви ја претставуваме кошулата Switchback, која е целосно направена од рециклирани пластични шишиња и од рециклирани зрна кафе. Кошулата е модерна, има долг век на употреба и можете да ја носите во многу различни прилики било да е тоа на планинарење или кога излегувате во град.
Секоја кошула е направена од комбинација на 12 пластични шишиња и 3 шолји употребени зрна кафе. Со купувањето на овој производ дефинитивно придонесувате за намалување на пластичниот отпад во светот.
Освен тоа, кошулата има и некои дополнителни корисни особини. На пример, ги отстранува сите непријантни мириси, штити од штетните УВ зраци, има сокриени џебови со патенти од двете страни на долниот дел. Освен тоа, така е дизајнирана да може самата да се спакува во платнена торба ако ја превртите наопаку.