САД почна да тестира вакцина за корона вирусот

- Advertisement -

Вчера Асошиејтед прес соопшти дека почнува тестирањето на првата вакцина за корона вирусот. Со оглед на тоа дека пред пет месеци не ни знаевме дека постои таков вирус, ова е неверојатен напредок, но технологијата која го овозможи брзиот развој на вакцината е релативно нетестирана за глобална примена.

Повеќето вакцини користат вируси или бактерии кои или не можат да се репродуцираат или се оштетени на начин кој ги спречува брзо да се размножуваат. Тие вакцини генерално се многу ефективни затоа што имунолошкиот систем го изложуваат на многу од протеините кои ги произведуваат патогените и осигуруваат бурна реакција на имунолошкиот систем. Сепак, негативно е тоа што за таква вакцина мора да се изолира и да се манипулира вирусот или бактеријата, потоа да се одгледа и да се прочисти. Тоа значи дека е потребно многу време.

- Advertisement -

Сепак, повеќето вируси имаат ограничен број на протеини на површината на кои реагира имунолошкиот систем. За тие вируси потребно е да се фокусирате на гените на протеините така што или ќе се клонираат во безопасен вирус или ќе се произведат големи количини од самите протеини. Новата вакцина е направена на начин кој уште повеќе ја поедноставува работата и овозможува развој на вакцина после сквенцирањето на вирусот. Во случајов потребен беше еден месец за да се развие.

Се се сведува на основна биологија. Новиот пристап кон правењето вакцина вклучува правење многу копии од рибонуклеинската киселина за правење на копии од протеините на вирусот. Кога ќе се инјектираат во телото, без остатокот од вирусот, тие протеини се безопасни, а бидејќи организмот е навикнат на нив, кога ќе дојде во контакт со вистинскиот вирус, ќе има добра одбрана.

- Advertisement -

Тестирањето ќе се врши во Истражувачкиот институт Кајзер Перманенте Вашингтон во Сиетл и ќе се фокусира на идентификација на дози кои може да се толерираат без нуспојави. Во истражувањето ќе бидат вклучени 45 возрасни лица на возраст од 18 до 55 години. Во оваа фаза од тестирањето нема контролни групи и секој ќе ја добие вакцината, а бројката на учесници е мала и нема да се добијат доволно информации за заштитните ефекти. Во втората фаза ќе се фокусираат на утврдување дали вакцината предизвикува одговор од имунолошкиот систем и треба да започне за неколку месеци.

Сподели!
- Advertisement -