Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, министерот за економија Крешник Бектеши, министерката за финансии Нина Ангеловска и гувернерката на народна банка Анита Ангеловска-Бежоска одржаа пре-коференција за економските мерки на Владата на РСМ за справување со ситуацијата со коронавирусот.
„Исправени сме пред еден од најголемите предизвици на модерното време. Коронавирусот е глобална закана за здравјето на граѓаните и наша примарна обврска е да направиме се што можеме да го заштитиме јавното здравје. Оттука на почетокот сакам да испратам јасна порака за поддршка до сите здравствени работници, полицајци, припадници на армијата и сите кои се борат во изминатите недели, вложувајќи го целиот свој труд да не заштитат. Исто така, сакам да испратам порака за поддршка и на вработените во аптеките, во супермаркетите и продавниците за храна кои деновиве се на своите работни места ги опслужуваат потребите на нашите граѓани“, истакна вицепремиерката Царовска.
Вицепремиерката посочи дека покрај здравствените ризици, корнависрусот носи и еднакво големи предизвици за светската економија и македонската економија нема да остане имуна. Токму затоа, Владара започнува со мерки за заштита и поддршка на економијата и компаниите, а со тоа и на граѓаните.
Првата мерка се однесува на директна финансиска поддршка на ликвидноста кај микро, мали и средни компании од страна на Развојната банка на Северна Македонија. Обезбедени се вкупно 5,7 милиони евра со кои ќе се кредитираат директно компании поради неликвидност, односно компании чија што економска активност е погодена од коронавирусот. Кредитите се дизајнирани со големо внимание, водејќи се од тоа да може да се поддржат што поголем број на компании. Секоја компанија, во зависност од бројот на вработени, ќе може да добие од 3 до 30 илјади евра.
Микро компаниите, до 10 вработени, ќе може да подигнат кредит од 3 до 5 илјади евра, малите компании со 10 до 50 вработени, ќе може да подигнат кредит од 10 до 15 илјади евра и средните компании со 50 до 250 вработени, ќе може да подигнат кредит од 15 до 30 илјади евра. Она што е овде важно е дека овие кредити се бескаматни, со каматна стапка од 0 проценти, грејс периодот ќе биде 6 месеци, а рокот на отплата 2 години.
„Втората мерка се однесува на поддршка за компаниите во делот на исплатата на плати со што сакаме да ставиме јасно до знаење дека ни е важно да помогнеме да се зачува секое едно работно место! Затоа направивме напори да ја олесниме исплатата на плати во овој период на неизвесност и обезбедуваме Субвенционирање на придонеси за вработените во компании од секторите туризам, транспорт, угостителство и други погодени компании, за месеците април, мај и јуни од 2020 година, со субвенција на придонеди по вработен во висина до 50% од просечна плата исплатена во 2019 година“, продолжи Царовска.
Условите за користење на оваа мерка се следните:
– Компанијата да не го намали бројот на вработените под бројот на вработени во месец февруари од 2020та година,и ова да важи од денот на користење на мерката; понатаму,
– Компанијата да не исплати дивиденда во текот на 2020 година, до денот на поднесувањето на годишна сметка, односнофинансиски извештаи за 2020 година; и
– Компанијата да нема исплатено награда-бонус по влегување во сила на мерката.
Само компаниите што имаат остварено добивка како финансиски резултат од рработењето во 20220 ќе вратат субвенции за придонес вонизнос од 50% од добивката пред оданочување што значи дека мерката директно е насочена да им помогне нанкпмпаниите што оствариле послаби фин резултати во 2020 поради корпна вирусот.
Во однос на работењето во фабриките и погоните каде работат голем број на работници, Владата препорачува да се реорганизира работата во смени, по потреба и во 4 смени, посебно во компании со поголем број на вработени. Ова ќе го намали бројот на вработени по смена и ќе овозможи тие да не бидат во близок контакт. Владата исто препорачува дезинфекција на фабриките и работните површини после секоја смена. Ова е од интерес и на вработените, и на компаниите и на јавното здравје. Понатаму, заради овозможување на непречен влез и транзит на товарни возила, Санитарен инспекторат преку Макамтранс ќе дава дозвола за влез со цел да има непрекината трговска размена. Овие товарни возила и лица ќе влезат во РСМ според посебни услови за заштита согласно протоколот на Министерството за здравство.