Британскиот брачен пар Дејвид и Сели Абел стана популарен во моментот кога беа дијагностицирани со корона вирусот на бродот крстосувач кој беше закотвен во близина на Јокохама, Јапонија.
Како што кажува самиот Дејвид во видеата кои ги објавува на сопствениот YouTube канал, тие биле на крстсување во моментот кога избил вирусот и најпрвин биле во карантин во нивната соба на бродот и не чувствувале никакви симптоми. Дури откако биле тестирани и се покажало дека се позитивни, тој почувствувал тешкотии во дишењето.
Британецот дава необичен совет за како да си помогнете кога не внесувате доволно кислород во белите дробови. Него требало да го приклучат на aпарат за вештачко дишење, но бидејќи се плашел дека нема да му помогне, се присетил на една техника која ја користел пред неколку години, Emotional Freedom Technique. Toj тврди дека со оваа техника успеал процентот на кислород во белите дробови да го доведе од 93% на 99%.
Во видеата кои ги снимал и од болничката соба во јапонска болница кажува за тестирањата кои им ги правеле, за симптомите кои ги имале, а сега можете да видите и како среќно се враќаат во својата татковина, каде што медиумите постојано ги интервјуираат и се интересираат за нивното искуство со корона вирусот.
Во овој период кога владее паника околу оваа заразна болест, убаво е да се прочита за еден ваков позитивен пример кој дава надеж за сите останати од таа возрасна категорија, но и за сите останати. Повеќе за нивното патешествие во Јапонија можете да дознаете на YouTube каналот на Дејвид Абел.