Кина бара волонтери за тестирање лекови за корона вирусот

- Advertisement -


Компаниите ширум светот се во глобална трка за откривање лек за корона вирусот. Така, кинеските компании бараат волонтери за тестирање девет видови вакцини за корона вирусот.

Во трката за што побрзо откривање лек за КОВИД-19 одделни компании од САД веќе почнаа со клинички испитувања. Забрзано ним им се придружуваат и кинеските компании, кои досега развија девет потенцијални вакцини за кои сега бараат длабински испитувања.

- Advertisement -

Кинескиот производител на вакцини CanSino Biologics од Тианџин објави дека бара волонтери на возраст од 18 до 60 години за клиничко испитување во траење од 6 месеци. Наведуваат дека е развиена вакцина без заразни супстанции, сигурно и стабилно. Оваа вест стигна еден ден по известувањето дека почнале тестирања во САД.

И многу други кинески компании најавуваа почеток на тестирањето за средината на април. Кинескиот претседател пред две недели наложи брзо работење на кинеските лаборатории за откривање лек за КОВИД 19.

Сподели!
- Advertisement -