Продажбата на паметни телефони падна за 40% поради корона вирусот

- Advertisement -

Пандемијата на корона вируст си го зема својот данок во светот и посебно тешко се погодени туризмот, авиокомпаниите, автомобилската индустрија и индустријата за паметни телефони. Според Strategy Analytics, продажбата на паметни телефони паднала за 39% минатиот месец, додека испораките паднале за 38% во однос на истиот период минатата година.

КОВИД 19 во февруари годинава беше во полн замав во Кина, што го поремети синџирот на снабдување со паметни телефони и ја намали побарувачката на потрошувачите. Samsung остана на прво место по испораката и продажбата, а Apple, Xiaomi, Huawei, Oppo и Vivo заостануваат.

- Advertisement -

Интересно е тоа дека бројките на Strategy Analytics откриваат дека Xiaomi го претекнал Huawei во вкупната продажба и испорака во текот на кризата. Се сомневаат дека тоа е делумно поради фактот дека Xiaomi во февруари годинава го објави својот најнов модел Xiaomi Mi 10.

Сподели!
- Advertisement -