Препорака до банките да ги исплаќаат пензиите од 28 март

- Advertisement -

Владата им препорача на банките порано да обезбедат исплата на пензиите, односно од 28 март.Ваквата препорака следува по одржавата владина седница доцна попладнето на 21 март.

Претходно, соопштија од владината прес-служба, вицепремиерката Мила Царовска контактирала со Македонската банкарска асоцијација.

- Advertisement -

„По добиеното известување од Македонската банкарска асоцијација, кабинетот на вицепремиерката предложи, а Владата прифати да им се препорача на деловните банки да обезбедат исплата на пензии од 28 март“, соопштија од Владата.

Сподели!
- Advertisement -