Овој робот ги убива бактериите во вашиот кревет

- Advertisement -

Колку и да одржувате хигиена во домот и да мислите дека сите површини каде што седите, јадете или спиете се чисти и безбедни, тоа не е така. Насекаде во домот има бактерии и други ситни живи организми, но тие не ни наштетуваат.

Но, тоа не е случај со креветот на кој спиеме. Душекот на креветот е вистинско легло за бактерии и други микроорганизми кои можат да предизвикаат алергии, осипи и слично.

- Advertisement -

Бидејќи чистењето на душекот не можете да го направите сами, наместо да го носите на професионално чистење, сега е тука роботот Rockubot. Овој минијатурен робот поминува по површината на креветот и ги убива сите бактерии. Но, освен што чисти, тој истовремено ви пушта и музика за да не ви е досадно додека го гледате како си ја врши својата работа.

Роботот испушта сина УВ ултрасонична светлина која убива 99,9% од бактериите и другите микроорганизми. Има паметна опција за мапирање на површината и ја планира својата патека за да ги покрие сите ќошиња. Вградените сензори го предупредуваат кога ќе дојде до работ, а има и сензори за детектирање пречки.

- Advertisement -

Освен за спалната соба, Rockubot може да се користи и за чистење на кревети, фотелји, столови и сл. Можете и да го држите во рака и да си го исчистите телефонот, далечинскиот управувач и други предмети кои ги користите секојдневно.

UVC Sterilizing Music-Playing Robot

This bacteria-killing robot can sanitize your bed.Available here: http://bit.ly/2SzP1A0

Posted by Startup Selfie on Четврток, 19 март 2020
Сподели!
- Advertisement -