Како што расте популацијата на Земјата, така се намалува слободниот простор за изградба на нови станбени простори, особено во големите градови. Тоа значи помалку простор за живеење.
Ова е проблем насекаде, но особено во густо населените азиски градови, каде што луѓе живеат и во станови со големина на една просечна соба, во кои мора да се снајдат да сместат се што е потребно за нормален живот.
Но, тука има уште еден проблем – приватноста. Кога имаш мал простор кој главно е повеќенаменски, немаш никаква приватност и катче за себе. Затоа дизајнерите и иноваторите направиле решение и за тоа.
Со помош на овие автоматизирани ѕидови од секоја просторија може да се направи ново приватно катче за само неколку минути. Ѕидовите се лизгаат по шини поставени на подот и на таванот и формираат целосна преграда.