Едноставен тес на крвта може да открие повеќе од 50 видови рак, често пред да се појават какви било знаци или симптоми, тврдат научниците. На експертите тоа би им помогнало во дијагностицирањето на болеста.
Повеќе од 99% од позитивните резултати на тестот биле точни, но клучно е да се провери за да не дојде до грешка и да се даде лажна надеж на пациентите. Лекарите го користат во испитувањата на пациентите, но треба да се прават уште истражувања.
Тестот функционира така што ги бара хемиските промени на делови од генетскиот код – ДНК без клетки – кои излегуваат од туморот во крвотокот. Истражувачи од Институтот за карцином Дана-Фабрер и од Медицинскиот факултет на Харвард работејќи со колеги од Велика Британија, Институтот Францис Крик и од Универзитетскиот колеџ Лондон тестирале повеќе од 4.000 примероци од пациенти. Некои од нив имале карцином, а некои немале.
Биле вклучени повеќе од 50 видови карцином, како карцином на црева, на бели дробови и на јајници. Во 96% од примероците тестот точно открил за кој вид карцином се работи.
Изгледа дека овој тест ги има сите карактеристики за да може да се употреби на популациско ниво како пробен тест за повеќе видови карцином, велат истражувачите. Што се однесува на тоа кога ќе биде тестот спремен за употреба, тестот само што почна да се користи ограничено во клинички испитувања. Но, пред да почне да се користи рутински, ќе мора да почекаме на резултатите од клиничките тестирања.