ЕУ со 100 милијарди евра ќе ги чува работните мести!

- Advertisement -

Европската комисија предложи нов финансиски пакет за да се обезбеди целосна исплата на работниците во компаниите погодени од пандемијата Ковид-19.

Шемата наречена SURE ќе обезбеди вкупно 100 милијарди евра заеми за земјите членки на ЕУ за да се спречат милионските отпуштања на работници. Планот е инспириран од германскиот модел со кој работниците би работеле скратено работно време, но би добиваат целосни месечни плати.

- Advertisement -

Идејата е Европската комисија да земе заем на меѓународниот пазар и да го пренесе на членките, што ќе им обезбеди значително подобри услови на земјите со кревка економија.

Сепак, многу е неизвесно дали земји како Германија и Холандија, кои традиционално се спротивставуваат на мешање на долговите, ќе го одобрат последниот предлог на Комисијата.

Сподели!
- Advertisement -