Генералниот директор на Светската здравствена организација има моќно предупредување за младите луѓе кои не практикуваат социјално дистанцирање:
„Денес имам една порака за младите луѓе. Вие не сте непобедливи. Овој вирус може да ве доведе во болница и да останете таму со недели, па дури и да ве убие. Дури и да не се разболите, изборот каде ќе одите што ќе го направите вие може да значи живот или смрт за некој друг од вашата околина.
Благодарен сум што толку многу млади луѓе ги шират информациите за заразата, но не го шират и вирусот. Постојано повторувам дека солидарноста е најбитна за да го победиме КОВИД 19. Солидарност меѓу земјите, но и меѓу различни возрасни категории.
Ви благодарам што го слушате нашиот повик за солидарност, солидарност и уште повеќе солидарност“.