Интересни бесплатни онлајн содржини!

- Advertisement -

Ако сте затворени дома, нема изговор дека ви е досадно и нема што да правите. Помислете зошто сте дома – го чувате своето здравје и здравјето на своите најблиски. Кога инаку имате време за некој курс? Или да научите некој јазик, да одгледате некој филм, да направите нешто со свои раце? Секоја година можеби правите листа со одлуки што ќе правите во новата година, но се откажувате поради немање време. Сега имате време на претек и имате прилика да научите нешто корисно.

Доколку сте заинтересирани за онлајн курсеви од светски познати некои образовни институции, можете да ги најдете на овој линк.

- Advertisement -

Ако секогаш ве интересирала науката, посетете ја NASA.gov. Можете да направите ракета, да решавате разни игри и проблеми, што значи дека има содржини и за малку поголеми „деца“.

Модното списание VOGUE на сите ни овозможи бесплатно преземање на нивното мартовско издание, па ете нешто и за љубителите на модата.

- Advertisement -

Друго нешто што можете да го правите е виртуелно да посетувате музеи од целиот свет кои ја нудат таа опција. Онлајн платформата Google Arts&Culture овозможува виртуелно посетување на повеќе од 500 музеи и галерии ширум светот. Сега можете да седите дома во својот удобен кревет и да ги посетувате музеите кои се на илјадници километри од вас.

Ова се некои од музеите и галериите кои нудат виртуелни тури: Британскиот музеј во Лондон, Гугенхајм музејот во Њујорк, Националната уметничка галерија во Вашингтон, музејот Орсеј во Париз, Националниот музеј за модерна и современа уметност во Сеул, музејот Пергамон во Берлин, Ријкс музејот и музејот Ван Гог во Амстердам, музејот Ј. Пол Пети во Лосн Анџелес, галеријата Уфичи во Фиренца итн.

Сподели!
- Advertisement -