- Advertisement -
Мексиканската компанија која го прави светски познатото пиво “Corona” соопшти дека привремено го запира производството.
Владата на Мексико оваа недела објави вонредна состојба поради епидемијата коронавирус и нареди прекинување на неесенцијалните производствени активности во земјата.
- Advertisement -
Според вчерашните податоци, во Мексико се разболеле 1.510 луѓе, а 50 од нив починале од заразата.
Најпознатото мексиканско пиво “Corona” кое се извезува во 180 земји во светот, од недела привремено ќе престане да се произведува.
- Advertisement -