Поради пандемијата на корона вирусот половина милијарда луѓе може да паднат во сиромаштија

- Advertisement -


Епидемијата на корона вирусот може да турне половина милијарда луѓе во сиромаштија доколку не се преземат итни мерки за спасување на сиромашните земји погодени со падот на економијатам оредупредува невладината организација Oхfam.

Оваа невладина организација предупреди дека 6%-8% од светската популација може да биде соочена со сиромаштија бидејќи владите ги стопираа цели економии со цел стопирање на ширењето на вирусот.

- Advertisement -

„На глобално нибо тоа би можело да ги уназади земјите за десет години во борбата со сиромаштијата, а земјите во регионите на Африка, Блискиот Исток и Супсахарска Африка и за дури 30 години“ се вели во извештајот на организацијата.

Oхfam предупредува дека постои опасност повеќе од половина од светската популација да падне под прагот на сиромаштијата после оваа пандемија. Извештајот на невладината организација е објавен во пресрет на состанокот на ММФ и Светска банка во април, како и во пресрет на состанокот на министрите за финансии на G20.

Сподели!
- Advertisement -