Бил Гејтс предупредува дека вакви епидемии ќе се повторуваат на 20-ина години

- Advertisement -

Иако не е епидемиолог или доктор, Бил Гејтс изминативе години стана своевиден експерт за заразни болести. Преку фондацијата што ја води со сопругата Мелинда Гејтс инвестираа милиони долари во истражување и развој на разни лекови и вакцини. Затоа, не е ни чудо што се најде во центарот на вниманието кога е во прашање корона вирусот.

Во разговор за Financial Times, Гејтс зборуваше за глобалната борба против корона вирусот, но истакна и дека борбата ќе биде скапа затоа што земјите не се подготвиле навреме. „Светските челници ќе мора сега да платат милијарди долари наместо да се подготвеа правилно и навреме. Ова е најбитниот настан кој луѓето ќе го искусат во текот на своите животи“ истакна Гејтс.

- Advertisement -

Тој додава дека државите во иднина ќе мора да го променат својот пристап во борбата против пандемиите и епидемиите. Гејтс е уверен дека мора да се подготват цели дијагностички системи, опсежни дигитални книги за вируси и антивирусни тела, но и рани системи на предупредување.

„Трошоците за одржување на таквите системи се мали во однос на она што го проживуваме денес. Луѓето сфатија дека постои голема шанса вакво нешто да се повтори во иднина, односно на секои 20-ина години затоа што многу се патува и некој од тие вируси ќе се прошири глобално. Затоа граѓаните очекуваат дека на владите ќе им биде приоритет борбата против таквите пандемии“, истакна Гејтс.

- Advertisement -

Гејтс е уверен дека лекциите кои сме ги научиле од оваа пандемија ќе ги поттикнат луѓето нареден пат да бидат подобро подготвени. Но, додека не се случи тоа, мора да бидеме спремни и на втор и на трет бран од пандемијата. „Се додека не пронајдеме вакцина која ќе можеме да и ја дадеме на целата популација на Земјата, постои ризик од повторна епидемија“ заклучи Гејтс.

Сподели!
- Advertisement -