Апликација за iPhone може да детектира аутизам со следење на изразите на децата кога гледаат видеа

- Advertisement -

Родителите сега можат да симнат апликација за iPhone која ќе ги следи нивните деца и ќе бара знаци на аутизам. Апликацијата ја користи камерата на телефонот за да ги следи движењата на лицето на децата кога гледаат кратки клипови. Специјално дизајнираниот софтвер за кодирање ги детектира движењата на лицето кои претставуваа знаци за некое пореметување. На медицинските лица би им биле потребни многу сесии за да забележат нешто слично, пишува DailyMail.

Апликацијата Autism&Beyond најпрвин на родителите им дава формулари и прашалници, а потоа со помош на селфи камерата на телефонот собира видеа од децата и нивните изрази на лицето додека гледаат видеа наменети да поттикнат однесување кое ќе покаже дали постои ризик од аутизам за да детектира некои шеми на емоции и опсег на внимание.

- Advertisement -

Тие видеа потоа се испраќаат до сервери, каде што софтвер за автоматско бихејвиорално кодирање ги следи движењата и ги квантифицира емоциите и вниманието на децата. На пример, ако детето гледало видео со меурчиња кои лебдат на екранот, алгоритамот ќе бара движења на лицето кои ќе покажат дека детето е среќно.

Во текот на истражувањето децата чии родители рекле дека покажуваат некои сипмтоими на аутизам имале многу помалку експресии на среќа како одговор на меурчињата. За само една година оваа апликација е симната повеќе од 10.000 пати, а во истражувањето учествувале 1.756 семејства со деца на возраст до 6 години.

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -