После кризата компаниите ќе вработуваат повеќе роботи, а помалку луѓе?

- Advertisement -

Во светот во кој одеднаш од нас се бара социјално дистанцирање, односно држење растојание од другите луѓе, што е прилично тешко за вршење одредени активности, наголемо расте важноста на роботите. Тие не можат да се заразат со вируси, едноставно ја објаснуваат ситуацијата експертите за автоматизација. Тие сметаат дека кога ќе заврши пандемијата, повеќе нема да има враќање на старо затоа што и свеста на луѓето е делумно променета, па дури и критичарите на роботизацијата ќе ги видат предностите на роботите.

Освен што роботите не можат да се разболат (нивната „болест“ е само компјутерски вирус или малициозен софтвер), тие се поефикасни, попродуктивни во однос на луѓето, можат да работат во смени од 24 часа, а на сопствениците на компании најбитно им е што се на долг рок поисплатливи и поевтини.

- Advertisement -

Но, растот на популарноста на роботите во текот на пандемијата е лоша вест за иднината на работниците после корона вирусот – побарувачката за работници ќе биде помала. Реалното сценарио за некои од компаниите кои во овој период масовно делеа откази е дека кога ќе се вратат производството и приходите на нивото пред пандемијата, тие повеќе нема да вработуваат ист број на луѓе, туку некои работни места ќе ги пополнат роботи.

Последните месеци имаше такви примери, а еден од нив е индустријата за рециклирање, па компанијата AMP Robotics бележи голем пораст на побарувалчката за нивните роботи базирани на вештачка интелигенција за сотрирање на отпадот. Тие ги заменуваат луѓето, а компаниите кои пред кризата барале 1-2 такви роботи, сега бараат многу повеќе.

- Advertisement -

Рециклирањето е само еден од примерите. И во PayPal сега масовно се користат четботови за комуникација со корисниците, а бидејќи и вработените во Google работат од дома, модерирањето на содржините во голем процент е префрлена на софтвер и на вештачка интелигенција.

Голем број луѓе во текот на кризата ги увидоа предностите на мобилното банкарство, па во иднина ќе продолжат да плаќаат сметки и да вршат други банкарски работи преку мобилни апликации наместо да одат во пошта или во банка. Се помалку ќе се користи готовина, а повеќе ќе се плаќа бесконтактно со картички или мобилни телефони.

- Advertisement -

Иако со тек на време ќе се ублажат мерките за карантин и самоизолација, можеме да претпоставиме дека еден вид на социјално дистанцирање ќе продолжи и понатаму, се до пронаоѓањето вакцина. Поради тоа ќе се зголеми популарноста на продавниците без вработени како што се Amazon Go.

По се изгледа дека кога оваа корона криза ќе стане минато, односно кога ќе имаме вакцина и лекови за вирусот САРС-КоВ 2 и повеќе нема да мораме да живееме во изолација, некои работи никогаш нема да се вратат на старо. Дел од луѓето кои останаа без работа исто така нема да можат да се вратат на старите работни места затоа што ќе ги заменат поефикасни и поевтини роботи, па нема да им остане ништо друго освен да се прилагодат на новите услови на живот и работа и да се едуцираат за други работни места.

Сподели!
- Advertisement -