Која боја е корона вирусот, колку е голем и зошто се вика така?

- Advertisement -

Иако последните месеци постојано слушаме за него и голем дел од луѓето имаат икони на телефон со корона вирус во зелена боја, виролозите велат дека не е зелен, туку нема никаква боја. Името го добил според латинскиот збор „corona“, што значи круна, поради карактеристичниот изглед на неговите вирусни честички кои наликуваат на круна.

Тие честички се сoстојат од рибонукелинска киселина и обвивка. Во обвивката се наоѓаат протеини, а на површината на обвивката има израстоци. Тоа се, може да се рече, нозе и раце на вирусот и со помош на нив се држи за човечките клетки кога ќе навлезе во организмот.

- Advertisement -

А како реагира корона вирусот на температура? Тој, всушност, престанува да биде инфективен ако 10 минути е изложен на температура од 56 степени Целизусови. Карактеристично за него е дека ако не влезе во жива клетка, не може да се размножува. Вирусот е осетлив освен на дејството на алкохол, и на ултравиолетово зрачење. Тоа, секако, не значи дека сите треба да одиме на солариум.

Тој мал вирус со големина од 60 до 160 нанометри предизвикува огрома штета во светот.

Сподели!
- Advertisement -