Среде сите негативности околу корона вирусот, еве малку позитивни вести. Дубаи ја заврши изградбата на најголемата 3Д печатена зграда во светот, и тоа користејќи само еден 3Д принтер.
Дизајнерите на зградата велат дека за изградба била потребна половина од работната сила кога се користи на други згради од таа големина, а бил направен 60% помалку градежен отпад.
Принтерот печател слоеви еден врз друг следејќи шема создадена од компјутер. Материјалот кој го користел многу брзо се сушел. Зградата е наменета да биде канцеларија за Центарот за иновации на Дубаи.
Дубаи сака да стане светски лидер во 3Д печатењето и до 2030 година има за цел 25% од сите нови згради во градот да бидат 3Д печатени. Така ќе заштеди на трошоци за изградба, ќе создаде помалку градежен шут и ќе помогне во зачувувањето на природата.
Цементот е одговорен за 8% од емисијата на јаглерод диоксид во светот, а за правење бетон се користат 9% од индустриската вода во светот. Со 3Д печатењето се создаваат 60% помалку отпад во градежништвото затоа што 3Д принтерите ги користат материјалите поефикасно од луѓето. Со тоа трошоците за изградба се намалуваат до 70%, а трошоците за работна рака до 80%.
Дубаи истражува и како 3Д печатењето може да ја трансформира медицината со 3Д печатење протетички помагала, заби и помагала за слушање.