СЗО: Корона вирусот потекнува од лилјаци, а не од лабораторија!

- Advertisement -

Светската здравствена организација (СЗО) објави денес дека според сите расположиви докази, коронавирусот потекнува од лилјак во Кина од минатата година и дека нема докази дека е создаден во лабораторија.

Претседателот на САД, Доналд Трамп минатата недела изјави дека неговата влада се обидува да открие дали вирусот потекнува од лабораторија во Вухан.

- Advertisement -

САД испитуваат дали коронавирусот е поврзан со Институтот за вирологија Вухан, кој ги проучува најопасните вируси.

„Сите расположиви докази сугерираат дека вирусот потекнува од животно и дека не бил свесно создаден или конструиран вирус во лабораторија или на друго место“, изјави за новинарите портпаролката на СЗО, Фадела Чаиб.

- Advertisement -

„Веројатно тоа е животински вирус“, рече таа.

Не е јасно како вирусот се пренесувал на човек, но „сигурно е“ дека пред да се пренесе на човекот, коронавирусот бил пренесен на друг животински вид.

- Advertisement -

Најчестите шпекулации се дека лилјакот бил заразен со коронавирусот од лушпар, цицач со кој  нелегално се тргува затоа што се верува во традиционалната кинеска медицина дека има лековити лушпи.

Сподели!
- Advertisement -