8K проектор кој вашиот ѕид ќе го претвори во вистинско кино

- Advertisement -

Samsung на саемот за електроникa CES 2023 о Лас Вегас го најави новиот проектор Premiere 8K UST, кој ќе го замени проекторот 4K Premiere од 2020 година. .

Најбитната промена кај новиот проектор е во тоа што овозможува гледање 8К содржини,кои засега се многу ретки, што е истиот проблем што го имаат 8К телевизорите.

- Advertisement -

Проекторот, всушност, прави надградба од 4K на 8K содржини, иако тоа не значи дека ќе добиете вистински 8K квалитет, но би требало да забележите значително подобрување на сликата.

Samsung уште не ги открива техничките детали за проекторот, ниту има објавено фотографии од тоа како ќе изглед, но велат дека станува збор за ласерска технологија на проектирање слика од голема близина која може да се проектира на платно со дијагонала до 150 инчи..  

- Advertisement -

Не е познато ни кога ќе се најде во продажба, ни по која цена.

(Vidi.hr)

Сподели!
- Advertisement -