Од почетокот на пандемијата со вирусот корона во САД е забележано зголемено купување органски производи од сите категории.
Продажбата на свежи органски производи во март се зголемила за 22,1%, во споредба со истиот месец минатата година, додека кварталниот пораст изнесува 8%, покажува Извештајот за органско производство (Organic Produce Performance Report).
Од Мрежата на органски производители, со седиште во Калифорнија, велат дека првпат откако ги мерат резултатите забележале дека нема доволно органски производи во одредени категории.
Во споредба со јануари и февруари годинава, продажбата на органски производи во март се зголемила за 25,8%. Освен тоа, купувачите во март повеќе купувале и органско ѓубриво од преработено овошје и зеленчук.
Продажбата на органска свежа храна во САД минатиот месец се зголемила за 546,8 милиони долари, со што во првиот квартал годинава достигнала до 1,58 милијарда долари.
(instore.mk)