Пад на туризмот во Европа до 70%

- Advertisement -

Европската унија наведува дека европската индустрија за туризам е соочена сo неверојатни бројки на пад поради кризата предизвикана од корона вирусот. Европскиот комесар за внатрешна трговија бара тој сектор да биде прв при распределбата на средства за закрепнување.

Комесарот Тиери Бретон истакна дека индустријата за туризам би можела да претпри пад од руи 70% и дека таа е една од последните кои ќе закрепнат додека ЕУ се соочува со можеби најтешкиот предизвик од своето настанување досега.

- Advertisement -

Ширум Европа се забележува туристичка криза – од празните плоштади во Париз до пустите споменици како што е Колосеумот во Рим, гондолите кои чекаат непостоечки туристи во /венеција, празните аеродроми и плажи.

Европа не е единствената која се соочува со тешкотии во туристичкиот сектор, но Бретон вели дека европскиот пазар преставува половина од светскиот туризам.Сцените досега невидени од Втората светска војна досега ги погодуваат сите- од мултинационалните авиокомпании до семејните хотели.

- Advertisement -

Врз оснива на информациите од меѓународните институции и трговските групации, Бретон истакна дека се соочуваат со застрашувачки бројки. Имено, тој додаде дека се проценува потенцијална загуба од 275 до 400 милијарди евра во индутријата за тирузам и патување поради пандемијата на корона вирусот. Според него, годинава се очекува пад до 30% кај меѓународните патувања, додека туризмот би можел да се соочи со пад од 45% до 70%.

Ситуацијата е до толку полоша затоа што некои земји како Италија и Шпанија, кои се толку зависни од туризмот, се меѓу најлошо погодените од пандемијата. Затоа ЕУ се подготвува за голема операција на помош која може да се спореди со Маршаловиот план за закрепнување на разорената Европа после Втората светска војна. Лидерите на ЕУ денес ќе се состанат на специјална видеоконференција за да дискотираат за помошта. Некои земји сметаат дека е потребен фонд од 1.500 милијарди евра за да се помогне на најтешко погодените земји.

Сподели!
- Advertisement -