Списанието Fortune состави листа со луѓе кои се херои на пандемијата која го зафати целиот свет. На листата најмногу има медицински лица од целиот свет, но има и луѓето од политиката и бизнисот.
На прво мсто се наоѓа докторот Ли Вениланг, кој го предупреди светот за постоењето на корона вирусот и на крајот го изгуби својот живот во битката со пандемијата. Кинеската влада посмртно го прогласи за маченик.
Крис Грегоар е поранешна гувернерк на државата Вашингтон, која во Сиетл направи мала револуција. Имено, таа ја поврза целата бизнис заедница таму, дури и некои големи конкуренти со цел врз база на факти да се спротистават сите заедно на ширењето на вирусот.

На трето место е кинескиот бизнисмен Џек Ма, кој ширум светот донираше тестови и заштитни маски. До средината на април Ма имаше донирао околу 18 милиони маски, 3 милиони тестови и илјадници респиратори во околу 100 земји.

На четврто место се гувернерите на САД кои ја повикаа јавноста да остане дома. На петтo место е Ентони Фаучи, директор на националниот институт за алергии и инфективни болести.

Целосната листа може да ја најдете на овој линк.