Граѓаните може да го донираат повратот на ДДВ за Ковид кризата

- Advertisement -

Владата донесе одлука повратот од парите од „Мој ДДВ“ за првото тримесечје од годинава граѓаните – доброволно – да можат да ги донираат во Фондот против Ковид-19.

За да се направи тоа, најпрво треба да се надгради апликација, софтверот, со што граѓаните ќе имаат на  располаѓање две опции: „ДА, го донирам мојот поврат на ДДВ‘’ и „НЕ, благодарам“, а граѓаните ќе може  да се изјаснат најдоцна до петти мај 2020 година.

- Advertisement -

На 6 мај ќе започне исплатата на парите на сметките на лица кои нема да го донираат износот ов повратот на ДДВ, изјави Сања Лукаревска, директорка на УЈП.

„Јас очекувам голем дел од граѓаните да го донираат износот, со оглед на новонастанатата состојбата со корона вирусот. Веќе имавме јавувања на лица кои сакаат да ги донираат парите од поврат на ДДВ, кои ќе се вложат онаму каде има најголема  потреба од финансии, а тоа се болниците, медицинскиот персонал, набавка на маски и слично“, вели Лукаревска.

Сподели!
- Advertisement -