Во Њујорк луѓето сами ќе се тестираат за корона вирусот

- Advertisement -

Градот Њујорк ќе ги зголеми своите капацитети за тестирање така што ќе подели тестови за самотестирање почнувајќи од неделава. Новиот начин на тестирање за КОВИД-19, кој на пациентите им овозможува да земат примероци од својата плунка под надзор на медицински персонал, наскоро ќе почне да се применува на осум места во Њујорк.

„Има подобар начин да се спроведе тестирањето. Има побезбеден и полесен начин да се направи тестирањето и ќе започнеме да го правиме неделава“ изјави градоначалникот на Њујорк.

- Advertisement -

За претходните тестови медицински работници го вршеле земањето брис од носот на пациентите, поради што често луѓето кивале и уште повеќе ја ширеле заразата. Самотестовите се состојат од два чекори – земање примерок од слузта во носот и од плунката во устата. Овие нови тестови ги штитат здравствените работници од изложување на вирусот и се троши помалку заштитна опрема.

За да го направат самотестот пациентите користат нешто слично на стерилна чепкалка за уво. Не мора да земаат примероци од длабоко во носот, туку доволно за да земат примерок, а за земање примерок од плунката тие, всушност, едноставно плукаат во чаша.

Сподели!
- Advertisement -