Зошто жените живеат подолго од мажите?

- Advertisement -

Жените во просек живеат 6-8 години подолго од мажите. Истото важи и за животинскиот свет – лавиците може да живеат дури двојно подолго од лавовите. Научниците уште не ја знаат дочната причина.

Сепак, не се знаеше дека истото важи и за животинскиот свет. Тоа е заклучокот на меѓународен тим од научници, вклучувајќи и биолози од Универзитетот во Бат, кои го истражувале времетраењето на животот на 101 различна врска цицачи. Нивните наоди се објавени во американската Национална академија за науки.

- Advertisement -

Кај животните разликата во времетраењето ан животот меѓу мажјаците и женките е многу поголема. Кај 60% од животните кои ги анализирале женките живееле 18% подолго отколку мажјаците, а кај човекот таа разлика е 8%.

Светската здравствена организација веќе долго време се занимава со прашањето зошто жените живеат подолго од мажите. Една од причините би можело да биде биолошката предност пред мажите во поглед на зачувувањето на здравјето.

- Advertisement -

Сите знаеме дека има разлика во генетското ткиво меѓу двата пола – жените имаат два X хромозоми, а мажите имаат Y хромозом. Но, дури неодамна беше откриено дека на тие Y хромозоми битни генетски информации се поврзани со имунолошките својства на телото. Со други зборови, тоа се гени кои препознаваат одредени патолошки процеси и потоа во нашето тело наидуваат на реакција на можната болест. Секако дека и мажите имаат такви гени, но им недостига еден цел крак од хромозомите, па имаат помалку такви гени.

Но, тоа не е единствената дополнителна заштита што ја имаат жените. Тие излачуваат значително повеќе хормон естроген, кој исто така има заштитна улога во здравјето. Научниците претпоставуваат дека природата посебно ги заштитила жените затоа што се одговорни за носењето нови живи битија на овој свет.

- Advertisement -

Но, Светската здравствена организација смета дека дури ни тоа не е единствената причина зошто жените живеат подолго од мажите. Исто така, статистички е потврдено дека жените помалку ризикуваат за да не го загрозат здравјето. Со други зборови, жените поретко пушат, помалку пијат алкохол, а се и помалку склони на разни екстремни постапки кои би им го загрозиле животот. Не е дека не се склони на тоа, туку едноставно поретко се однесуваат така.

Сепак, ако тоа може да биде причина за долговоечноста на жените, тоа не е случај со животинскиот свет. Таму научниците пак забележаа однесување кое е типично за женскиот пол. Одличен пример се лавовите. Како што споемнавме, лавиците може да живеат дупло подолго од лавовите. Тие живеат заедно во чопор, каде што сестрите, мајките и ќерките заедно ловат и се грижат едни за други. Возрасните лавови, пак, често живеат осамени или со нивните браќа и затоа немаат таква мрежа на поддршка, велат авторите на истражувањето.

Но, научниците претпоставуваат и дека однесувањето на татковците има улога во траењето на животниот век. И меѓу животните има животни кои не се грижат особено за нивното потомство, но има и мажјаци кои максимално се трудат да бидат грижливи татковци. Цената која ја плаќаат за таа грижа се последиците по нивното здравје.

Но, се се тоа претпоставки и потребни се уште многу потврдени податоци за да се утврди големата разлика во долговечноста меѓу машкиот и женскиот пол.

Сподели!
- Advertisement -